Достапни линкови

Претседателот Иванов бара американска поддршка за Самитот на НАТО


Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, биле разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, за состојбите со европската и евроатлантската перспектива на нашата земја, за актуелностите во однос на бегалската и мигрантската криза, како и за внатрешните политички предизвици во Македонија. Претседателот Иванов истакнал дека Македонија очекува одлучна американска поддршка во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава во јули 2016 година. Тој исто така рекол дека политичките лидери мора да го спроведат тоа што го договориле во Пржино за да има фер, слободни и демократски избори. Хојт Ји, кој престојува во Македонија, денеска имаше средба и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, како и со јавниот обвинител Марко Зврлевски.

XS
SM
MD
LG