Достапни линкови

Зврлевски се сретна со Хојт Брајан Ји


Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска се сретна со заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји. На средбата, како што соопшти обвинителството, станало збор за справувањето со тероризмот и санкционирањето на учеството во странски војски, како и за подготвеноста на Јавното обвинителство за справување со кривичните дела против изборите. Двајцата соговорници размениле мислења и за соработката помеѓу институциите, вклучувајќи ги и односите меѓу Јавното обвинителство и Специјалното јавно обвинителство. На средбата присуствувал и американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.

XS
SM
MD
LG