Достапни линкови

ДУИ ги урна тарабите, ќе кампува на местото каде што се гради крстот


Група демонстранти на протестот предводен од ДУИ насилно ги бутнаа тарабите на местото на кое се гради 55-метарски крст во скопски Бутел и почнаа да поставуваат албански знамиња и шатори во кои веројатно ќе кампуваат. Градоначалникот на Чаир Изет Меџити изјави дека не планираат да се тргнат од местото. Тарабите беа урнати додека функционерите на ДУИ даваа изјави за новинарите. Поединци ги спречуваат новинарските екипи да го снимаат настанот. Демнстрантите запалија и една палма. Иако има бројно полициско присуство, полицијата сè уште не реагира.

Неколку илјади граѓани, предводени од владејачката ДУИ, денеска излегоа на протест против градењето на крстот во скопски Бутел. Протестот почна пред стадионот во Чаир. Демонстрантите веат албански знамиња и носат транспаренти на кои пишува: „Политиката надвор од верата“, „Не сакаме Скопје што ќе се претвори во Белфаст, Ерусалим или Бејрут“, „Ова е клин, а не крст“, „Оваа земја е секуларна“... На чело на протестот се високи функционери од владејачката ДУИ.

Неколку дена пред почетокот на изградбата на крстот, во населбата Топанско Поле во Скопје беше поставен споменик на двоглав орел.

XS
SM
MD
LG