Достапни линкови

Наумов - МРТВ должи над два милиона евра за даноци


Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов тврди дека долгот на Македонската радио телевизија (МРТВ) по основ на даноци за две години е зголемен за повеќе од три пати. Во јануари 2014 година, изјави денеска Наумов, долгот изнесувал скоро 600 илјади евра, а во февруари 2016, според листата на должници на Управата за јавни приходи, долгот е повеќе од два милиони евра.

„Огромните долгови на Македонската радио телевизија се потврда дека работата на јавниот сервис исклучиво како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива“, изјави Наумов.

Тој посочи дека СДСМ ќе ја укине радиодифузната такса и ќе обезбеди одржливо финансирање на МРТВ од Буџетот.

XS
SM
MD
LG