Достапни линкови

Ципрас и Давутоглу телефонски разговарале за мигрантите


Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со неговиот турски колега, Ахмет Давутоглу, соопшти денеска кабинетот на Ципрас. Според соопштението, дискусијата била фокусирана на намалување и управување со приливот на бегалци, на самитот ЕУ и Турција што ќе се одржи на 7 март во Брисел, како и на четвртата седница на Високиот совет за соработка на Грција и Турција која ќе се одржи на 8 март во Измир.

XS
SM
MD
LG