Достапни линкови

Ципрас бара санкции за земји од ЕУ што нема да прифатат квота бегалци


Претседателот на ЕС, Доналд Туск и грчкиот премиер Алексис Ципрас

Претседателот на ЕС, Доналд Туск и грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас повика на воведување санкции за држави од Европската унија што нема да преземат свој дел од стотиците илјади мигранти. Ципрас исто така побара особено бавната процедура за раселување на бегалците во Грција во други држави од ЕУ да биде забрзана. По средба со претседателот на ЕС, Доналд Туск денеска во Атина, Ципрас вети „достојни“ услови за живот за над 25 илјади мигранти кои се блокирани во Грција. Тој нагласи дека тоа решение може да биде само времено и Грција ќе преземе само свој дел од предвидениот број бегалци. Туск изјави дека Грција ќе продолжи да биде дел од Шенген, еврозоната и Европската унија.

XS
SM
MD
LG