Достапни линкови

Ахмети – Протестите се столб на демократијата


Ситуацијата во земјата и во регионот, изборите кои ќе се одржат на 5 јуни, како и договорот од Пржино, но и активностите на Македонија за Самитот на НАТО во Варшава во јули годинава, биле темите на кои денеска во Амбасадата на САД разговарале претседателот на ДУИ Али Ахмети и заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Брајан Хојт Ји. Ахмети по средбата рече дека се согласиле оти изборите мора да бидат кредибилни и да не бидат оспорени од никого и оти не било разговарано околу повторно поместување на изборите.

Прашан дали протестите најавени од ДУИ за денеска, на местото на кое се гради 55-метарски крст во Бутел, можат да ја влошат безбедносната состојба во државата, Ахмети вели дека столб на демократијата се протестите.

XS
SM
MD
LG