Достапни линкови

Обвинителството тврди дека ги предало сите докази за „Пуч“


Илустрација: Прес-конференција на Јавниот обвинител Марко Зврлевски во Скопје

Илустрација: Прес-конференција на Јавниот обвинител Марко Зврлевски во Скопје

Обвинителството за организиран криминал во денешното соопштение наведува дека ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Специјалното јавно обвинителство.

„Разликата што се појавува во однос на доказите е во класифицираните материјали за кои не постои втор примерок, односно единствениот примерок од истите е предаден во Основниот суд Скопје 1 – Скопје при поднесување на обвинението“, се наведува во соопштението во кое се додава дека Обвинителството за организиран криминал ниту задржува, ниту поседува списи и докази за кој било предмет што не е во негова надлежност.

Специјалното обвинителство претходно се жалеше дека судот не му дава преписи и копии од доказите, додека судот тврди дека нема право да фотокопира класифицирани документи.

XS
SM
MD
LG