Достапни линкови

Грција се подготвува за 150 илјади мигранти


Грција призна дека се подготвува на долгорочна помош на околу 150 илјади заглавени мигранти поради затвореноста на балканската рута. „Според мое мислење треба да сметаме на затворена граница“, изјави грчкиот министер задолжен за миграции Јанис Музалас додавајќи: „Се додека биде така и додека не проработи европскиот систем за релоцирање, овие луѓе ќе останат во Грција за извесно време“. Во моментот околу 30 илјади бегалци и мигранти се заглавени во Грција, додека на Идомени на границата со Македонија имало 10 илјади кои чекаат да заминат за северните европски земји.

XS
SM
MD
LG