Достапни линкови

Итна финансиска помош на ЕУ за мигрантите


 Жан Клод Јункер

Жан Клод Јункер

Европската унија, соочена со растечката бегалска криза во Грција, покрена нова програма за помош во вредност од 700 милиони евра. „Ние сме навистина загрижени“, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во врска со мигрантите заглавени на грчко македонската граница. Предлогот на Комисијата, доколку биде одобрен, предвидува годинава да бидат префрлени 300 милиони евра од буџетот на Унијата од 155 милијарди евра врз новата итна програма за помош. Во наредните две годинитаа сума би изнесувала уште 200 милиони евра. Со овој предлог денеска во Грција престојува претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Тој претходно ги посети земјите на таканаречената балканска мигрантска рута, а утре ќе престојува во Турција.

XS
SM
MD
LG