Достапни линкови

Улицата Ленин преименувана во улица Ленон во украинско село


Шефот на Заткарпатската државна администрација во Украина ја преименува улицата Ленин во едно село во улица Ленон, според починатиот водач на рок-бендот Битлси, Џон Ленон. Генадиј Москал денеска објави дека го потпишал указот за промена на името на улицата во селото Калини на 20 километри од источната граница на ЕУ. Тој рече дека 10 улици во областа се преименувани, според законот за „декомунизација“. Илјадници улици, плоштади, градови, села, компании и други субјекти и географски локации мора да бидат преименувани според контроверзниот закон донесен минатата година, со кој се осудуваат советскиот комунистички и германскиот нацистички режим и се забрануваат пропагандата, симболите и имињата поврзани со овие режими. Минатиот месец парламентот одобри укинување на 175 имиња на градови, села и региони во земјата и ги замени со несоветски алтернативи.

XS
SM
MD
LG