Достапни линкови

Италијанска фирма ќе ја одржува браната Мосул


Ирак потпиша договор со италијанска компанија за поправка и одржување на браната Мосул во северниот дел на земјата. Договорот во вредност од 296 милиони долари бил потпишан денеска со компанијата Треви груп, соопшти ирачката влада, но не даде детали кога ќе почне поправката, но оти треба да почне „најбрзо што може“. Најголемата брана во Ирак е во опасност од колапс. Браната е изградена на почетокот на 80-тите години од минатиот век на нестабилна основа која постојано еродира. Краткиот прекин во одржувањето, откако Исламската држава на кратко ја освои браната во 2014 година, ја влоши и онака лошата состојба на браната.

XS
SM
MD
LG