Достапни линкови

logo-print

Заострување на санкциите против Северна Кореја


Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ја усвои резолуцијата за проширување на меѓународните санкции против Северна Кореја. Гласањето во Њујорк беше одговор на нуклеарните и балистички тестови на Пјонгјанг во изминатите два месеци. Новите рестрикции предвидуваат и задолжителна контрола на целата стока од и до Северна Кореја и забрана за продажба или дистрибуција на лесно оружје во земјата. На црната листа се ставени и нови поединци и организации. Ова се едни од најтешките санкции против Северна Кореја во изминатите две децении.

XS
SM
MD
LG