Достапни линкови

Германија ја повика ЕУ да ѝ помогне на Грција


Германската Влада денеска соопшти дека државите од Европската унија не треба да ја остават Грција сама да се соочува со приливот на мигранти и бегалци, но исто така ја повика Атина да ја заврши својата работа за ефективна заштита на границите.

„Грција не треба да остане сама во ситуацијата во која се наоѓа, Во исто време, Грција треба ефективно да ги заштитува своите граници, како и да продолжи со изградба на функционални центри за бегалци и да обезбеди соодветен капацитет за нивно сместување“, изјави на прес-конференција портпаролот на Владата, Штефан Зајберт.

XS
SM
MD
LG