Достапни линкови

logo-print

Арапските земји ја прогласија Хезболах за терористичка организација


Илустрација: Членови на Хезболах

Илустрација: Членови на Хезболах

Советот за заливска соработка, во кој членуваат шесте арапски држави од Персискиот Залив, денеска официјално ја прогласи либанската милитантна организација Хезболах за терористичка организација. Со тоа се зголемува притисокот врз оваа шиитска организација која се бори на страна на претседателот Башар ал-Асад во Сирија. Заливските земји ја обвинуваат организацијата за извршување непријателски терористички активности на нивна територија. Меѓу таквите активности се посочуваат регрутирањето милитанти за терористички напади, шверц со оружје и експлозив и предизвикување нереди и насилство. Членки на Советот за заливска соработка се сунитските Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Кувајт, Катар, Бахреин и Оман.

XS
SM
MD
LG