Достапни линкови

Путин - Русија ќе го ограничи производството на нафта


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека добил ветување од најголемите производители на нафта во земјата дека ќе го замрзнат производството во согласност со договорот постигнат минатиот месец меѓу Москва и Саудиска Арабија за ограничување на производството заради поддршка на цените на нафтата на светските берзи. Во изјава за руската новинска агенција Интерфакс, Путин вели дека раководителите на руските нафтени компании на денешната средба со согласиле во текот на целата година да го задржат производството на нивото на јануари. Саудиска Арабија и Русија се најголеми производители на нафта во светот. Путин денеска не даде детали дали Русија ќе го замрзне производството и во случај другите производители на нафта да не го следат тој пример.

XS
SM
MD
LG