Достапни линкови

Лавров на состанок за состојбата во Украина во Париз


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Кремљ потврди дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе учествува на состанокот за спроведување на мировниот план за Украина во Париз, според договорот од Минск потпишан во февруари минатата година. Се очекува на состанокот на присуствуваат министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Украина. Договорот од Минск има цел да стави крај на борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти во источниот дел на Украина. Киев обвинува дека Русија го прекршува договорот со тоа што испраќа војска и оружје за поддршка на сепаратистите на истокот на земјата. Украина, пак, не го исполни ветувањето дека ќе направи реформи со кои ќе ја зголеми автономијата на источните региони во земјата и ќе дозволи локални избори. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер пред десетина дена изјави дека не смее да се дозволи заткулисните пресметки меѓу владините коалициони партнери Украина да го спречат Киев да си ги заврши своите обврски според договорот.

XS
SM
MD
LG