Достапни линкови

logo-print

Катастар: На сè што побарало СЈО е одговорено согласно закон


Агенцијата за катастар на недвижности денеска соопшти дека одговориле согласно позитивните законски прописи за сè што од оваа институција побарало Специјалното јавно обвинителство. Од Катастарот воедно соопштуваат дека податоците се јавно достапни 24 часа на нивната веб-страница и преку електронскиот шалтер на Агенцијата. Покрај ова, секој заинтересиран граѓанин или институција во секое време може да направи увид и да побара препис од сите документи со кои располага Катастарот, се вели во соопштението. Претходно СЈО во соопштение наведе институции кои не соработувале, меѓу кои и Катастарот.

XS
SM
MD
LG