Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Јанева сметаат дека се над судот и законот


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев во врска со случајот Пуч оценува дека тој го нападнал судот со истите аргументи со кои претходно тоа го сторила специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Заедничко за двете изјави е тоа што и обвинетиот Зоран Заев и Катица Јанева сметаат дека се над судот, над законите и Уставот на Република Македонија и дека тие се факторите кои треба да му наложат на судот како треба да работи, се наведува во соопштението. Партијата смета дека симбиозата меѓу Заев и Јанева не е нова.

XS
SM
MD
LG