Достапни линкови

logo-print

ЕУ враќа 308 мигранти пристигнати во Грција од Турција


Европската унија ќе врати денеска од Грција во Турција 308 мигранти кои не одговараат на барањата за добивање статус на заштита, соопшти Европската комисија. Тие прецизираат дека враќањето на мигрантите ќе биде извршено со целосно почитување на основните човекови права. Враќањето на незаконските мигранти е во планот за заеднички акции меѓу ЕУ и Турција. Мигрантите се воглавно Турци, Мароканци и Алжирци. ЕК соопшти дека тој чекор е јасен знак за оние кои не подлежат на заштита - дека ќе бидат вратени назад во матичните држави.

XS
SM
MD
LG