Достапни линкови

Поднесени 1.845 тужби за навреда на Ердоган


Во Турција се поднесени 1.845 тужби против лица кои се обвинети за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, откако е на таа функција од 2014 година, соопшти министерот за правда Бекир Боздаг, пренесува БТА. Ердоган е критикуван дека активно го користи законот што забранува навреди врз претседателот, како средство за замолчување на несогласувањето. Овој закон претходно се користеше ретко, а сега за неговите одредби се судат јавни личности, новинари па дури и деца. Критичарите велат дека Ердоган ја смета за навреда дури и силната критика. Одговарајќи на прашања во Парламентот доцна синоќа, министерот за правда Боздаг рече дека неговото Министерство дало согласност за поднесување на 1.845 судски процеси за навреда на претседателот.

XS
SM
MD
LG