Достапни линкови

Турција на 14 држави им предлага спогодби за реадмисија


Турција на 14 држави им предложила потпишување спогодби за реадмисија, информира портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, пренесува БТА. Чекорот ќе овозможи побрзо враќање назад на мигрантите кои ќе бидат вратени од Европската унија, појаснуваат агенциите. ЕУ лани договори акциски план со Турција, што предвидува на оваа земја да ѝ се додели помош за бегалците во висина од три милијарди евра, во замена за запирање на мигрантските приливи кон Европа. Лидерите на ЕУ сакаат да видат резултати пред клучната средба со Анкара на 7 март и нивниот самит за миграцијата на 18 и 19 март.

XS
SM
MD
LG