Достапни линкови

logo-print

Жената-убиец: Алах ми нареди да му ја отсечам главата на детето


Узбекистанката Ѓулчехра Бобокулова, која завчера му ја отсече главата на четиригодишно дете на кое му била дадилка, по што со отсечената глава шеташе низ Москва, денеска рече дека „Алах ѝ наредил“ да го изврши грозоморниот чин. Таа ова го изјави пред новинарите, влегувајќи во судот во Москва. Бобокулова рече дека се чувствува виновна за убиството на детето. Судот ѝ определи два месеци притвор, а ќе биде обвинета за убиство веројатно до крајот на неделава. Властите велат дека таа има проблеми со менталното здравје и оти ќе биде подложена на психијатриско вештачење.

Во видео снимката на која се гледа Узбекистанката како шета низ Москва со детската глава се слуша дека таа вели „Јас сум терорист. Ќе умрам, ама сите вие ќе бидете казнети“. Очевидци велат дека жената извикувала „Алаху Акбар“.

XS
SM
MD
LG