Достапни линкови

Косово - Приведен лидерот на „Самоопределување“ Висар Имери


Лидерот на опозициското движење „Самоопределување“ и пратеник во косовското Собрание, Висар Имери

Лидерот на опозициското движење „Самоопределување“ и пратеник во косовското Собрание, Висар Имери

Лидерот на опозициското движење „Самоопределување“ и пратеник во косовското Собрание, Висар Имери, утрово е приведен, пренесува Танјуг, повикувајќи се на косовски медиуми. Имери бил пренесен во Основниот суд во Приштина на сослушување поради судирот кој во 2012 година го имаше со пратеникот од Демократска партија на Косово, Беким Хаџиу.

Имери е обвинет, дека заедно со пратеникот од „Самоопределување“ Реџеп Сељми, поранешниот пратеник Фљорин Красниќи и возачот Бесарт Бујупи, го нападнале Хаџиу, на кого во таа прилика му нанеле лесни телесни повреди.

Обвинителството го товари Имери дека на 29 јуни 2012 година за време на пауза на седница во Собранието на Косово со споменатата група го нападнале пратеникот Хаџиу.

Досега се одржани повеќе од 15 рочишта за тој предмет, а Имери ниту еднаш не беше присутен.

Имери е лидер на партијата „Самоопределување“, која се противи на формирањето на Заедница на српски општини и демаркација на граничната линија меѓу Косово и Црна Гора.

XS
SM
MD
LG