Достапни линкови

Мали групи бегалци влегуваат во Македонија


Прифатниот камп „Винојуг“ и македонско - грчката граница денеска го посетија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, премиерот на Словачка Роберт Фицо и словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калињак.

Спасовски изјави дека Македонија ќе пропушта онолку бегалци колку што ќе прифатат Србија и другите земји на Балканската рута. На прашањето колку изнесува таа бројка дневно, тој рече дека се уште не е прецизирано.

Македонската граница денеска е отворена за бегалците кои се пропуштаат во помали групи. Во прифатниот камп исто така има одредени групи на бегалци кои чекаат да им биде дозволено да го продолжат својот пат до Табановце, па потоа до некоја од западноевропските земји.

За време на посетата на Спасовски и Фицо, бегалците од грчката страна на границата извикуваа: „Отворете ја границата, сакаме само да помиеме низ Македонија.“

Околу 10 илјади бегалци се наоѓаат во прифатниот камп во Идомени. Словачкиот премиер Фицо изјави дека Словачка ќе продолжи да соработува со Македонија околу бегалската криза.

XS
SM
MD
LG