Достапни линкови

Вучиќ: Вонредни парламентарни избори на 24 април


Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека вонредни парламентарни избори во земјата ќе се одржат на 24 април. „Во рок од два дена Владата ќе му испрати на претседателот на државата образложен предлог“, рече Вучиќ за српската државна телевизија РТС. Тој додаде дека овие избори ќе бидат референдум дали Србија во 2020 година ќе биде модерна европска земја, односно „дали ќе оди во иднината или ќе се врати во минатото“.

XS
SM
MD
LG