Достапни линкови

logo-print

Русија и Сирија ја користат мигрантската криза против Европа


генерал Филип Бридлав

генерал Филип Бридлав

Главниот командант на НАТО силите американскиот генерал Филип Бридлав предупреди дека Русија и Сирија ја претвориле бегалската криза во оружје против Западот. Според него, бранот од стотици илјади мигранти од Сирија во Европа имало дестабилизирачки ефект низ Европа, од Балканот до Скандинавија и оти тоа било во полза на Русија. „Заедно Русија и режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад намерно ја искористија миграцијата во обид да ги победат европските структури и да ја скршат европската решителност“, изјави Бридлав во ресорниот Комитет на Сенатот. Тој додаде дека Москва и Дамаск со бомбардирања предизвикале масовно расселување од Сирија, што доведе до голем притисок врз европските земји. „Овој бран бегалци донесе Тројански коњи во форма на криминалци и терористи во Европа“, рече генерал Бридлав.

XS
SM
MD
LG