Достапни линкови

Рохани повика на приватизација на автомобилскиот сектор во Иран


Иранскиот претседател Хасан Рохани повика на странски партнерства за засилување на автомобилската индустрија на земјата и рече дека тој сектор мора да се приватизира за да се подобри неговата конкурентност. Тој ова го изјави денеска на меѓународната конференција на производители на автомобили во Техеран. Во јануари годинава беа укинати меѓународните санкции против Иран, откако беше постигнат договор со светските сили за ограничување на нуклеарната програма. Рохани повика на целосна приватизација на секторот, но предупреди дека тоа ќе значи укинување на заштитата на домашниот автомобилски пазар, зашто „владината поддршка не може да биде вечна“. Во моментов половина од автомобилскиот сектор во Иран е под контрола на државата. Минатиот месец, француската компанија ПСА Пежо Ситроен потпиша договор за заедничко вложување со компанијата Иран Ходро за производство на 200 илјади автомобили годишно.

XS
SM
MD
LG