Достапни линкови

Убиени Пакистанци вработени во американскиот конзулат во Пешавар


Илустрација

Илустрација

САД соопштија дека двајца Пакистанци вработени во американскиот конзулат во Пешавар загинале во експлозија. Државниот секретар Џон Кери денеска во Вашингтон рече дека двајцата, заедно со непознат број пакистански војници, загинале во експлозија на импровизирана бомба додека биле во мисија за „уништување полиња со наркотици“. Пакистанските војници ја обезбедувале мисијата. Пакистански претставници изјавија дека експлозијата погодила возило што превезувало работници од проектот за уништување полиња со афион финансиран од УСАИД во племенската област во северозападниот дел на земјата. Тие велат дека во нападот загинале две лица, а четворица се повредени, но не кажаа дали жртвите работеле во американскиот конзулат. Отцепената група од пакистанските талибанци, Џаматул Ахрар, ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG