Достапни линкови

Во Србија „заглавени“ околу илјада мигранти


Во Србија моментно се „заглавени“ околу илјада мигранти, додека на српско-македонската граница за влез во државата чекаат уште толку, изјави денеска Владимир Ребиќ, в.д. директор на српската полиција. Тој нагласи дека Србија нема да подигнува никакви огради туку само ќе ја штити државната граница во согласност со важечките прописи. Во Белград денеска се одржа состанок на директорите на полициите во Србија, Холандија, Унгарија, Австрија, Хрватска, Македонија и Словенија на кој се изврши анализа на примената на договорот потпишан на 18 февруари во Загреб за да се утврдат евентуални проблеми во неговата примена.

Капацитетот на транзитниот центар Табановце на македонско-српската граница од 1000 луѓе е речиси исполнет. Околу 600 од овие 1.000 заглавени мигранти се Авганистанци кои се таму веќе 12 дена.

XS
SM
MD
LG