Достапни линкови

СЈО не може да добие копии од доказите за „Пуч“ зашто се класифицирани


Основниот суд Скопје 1 соопшти дека не му доставил на Специјалното јавно обвинителство копии од списи и електронски докази од предметот Пуч, затоа што доказите се класифицирани и судот не може да издава преписи или копии „без изречна дозвола и одобрение од државните органи кои ги издале“. Судот вели дека доказите постојат во Обвинителството за организиран криминал од каде што Специјалното обвинителство го презеде случајот и оти може да ги побара од таму или од органите што ги издале документите. Во соопштението се наведува дека обвинителите може да дојдат во судот да направат увид во доказите.

Дел од медиумите претходно објавија дека Специјалното обвинителство не добило копија од доказите и оти ќе побара одложување на судењето за „Пуч“ кое е закажано за утре, а во коешто претседателот на СДСМ Зоран Заев е четврто обвинет.

XS
SM
MD
LG