Достапни линкови

Лавров - Заканата од хемиски тероризам е сериозна реалност


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека заканата од „хемиски тероризам се појавува како сериозна реалност на нашето време“. Зборувајќи на конференцијата за разоружување во Женева, Лавров предложи формирање на форум за разоружување на ОН со цел да преговара за нов договор за спречување на заканата од можни хемиски напади од страна на терористички групи. Тој рече дека е неопходно да се сфати дека Конвенцијата за хемиско оружје не го решава целосно проблемот за спречување на терористите да користат хемиско оружје.

XS
SM
MD
LG