Достапни линкови

logo-print

УНХЦР - Европа е на работ на голема хуманитарна криза


Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, ги критикува европските земји поради натрупувањето 24 илјади бегалци во Грција, велејќи дека владите не работат заедно за решавање на мигрантската криза и воведуваат нови гранични ограничувања со што го прекршуваат законот. Портпаролот на УНХЦР Адријан Едвардс денеска предупреди дека Европа сега е на работ на голема хуманитарна криза што сама ја предизвика. Едвардс за Радио Слободна Европа изјави дека во првите два месеци од годинава Средоземното Море го поминале скоро 132 илјади мигранти, што е скоро еднакво на бројот на мигранти што го поминале Медитеранот во првата половина од минатата година. УНХЦР исто така предупредува дека пренатрупаноста во Грција доведува до недостиг на храна, вода и засолништа за мигрантите, со што се зголемуваат тензиите и се „поттикнува насилство“.

XS
SM
MD
LG