Достапни линкови

Кризата ги брка сериозните инвеститори


Странските инвестициите се минимални со години, а политичката криза и наводните меѓуетнички тензии нема битно да влијаат на тие што сакаат да инвестираат. Но сериозни и големи инвеститори сериозно би се замислиле пред да вложат во „трусно“ подрајче.

Македонија цела деценија е на последно место на Балканот според приливот на директни странски инвестиции, така што политичката криза и последните случаи на меѓуетничките тензии нема значајно да ја влијаат врз потенцијалните странски инвеститори и врз нивната намера да инвестираат во Македонија.

Скапата стомилионска пропаганда со која ВМРО–ДПМНЕ на чело со Никола Груевски се обидува да создаде впечаток дека сме рај за инвестиции, тоа е чиста лага. Официјалните податоци зборуваат спротивно.

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Харедини потенцира дека во Македонија нема меѓуетничка криза и оти односите меѓу Македонците и Албанците на ниво граѓани, никогаш не биле постабилни и порелаксирани. Тој додава дека овие наводни меѓуетнички судири се груба режија на Груевски и на Ахмети и според тоа нема никаква основа да влијаат врз странските инвеститори.

„Овој податок е непобитен, а скапата стомилионска пропаганда со која ВМРО–ДПМНЕ на чело со Никола Груевски се обидува да создаде впечаток дека сме рај за инвестиции, тоа е чиста лага. Официјалните податоци зборуваат спротивно и така оваа ситуација нема понатаму врз што да се одрази, бидејќи инвестициите се минимални и оваа и минатата година“, коментира Хајредини.

Потенцијален инвеститор би можел да дојде во Македонија, но не би инвестирал во фирма со повеќе од 100 вработени, како на пример Дрекселмаер, смета политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ.

„Бидејќи во едно политичко трусно подрачје како што е Македонија и една држава во која најниската законски загарантирана плата е 150 евра и каде имате реални 32 проценти невработеност, не може да реализира поголема инвестиција со некој поголем добивка. Така што сите овие политички тензии и вештачки направени етнички судири ќе влијаат на еден сериозен инвеститор кој има намера да остане минимум 10 до 15 во Македонија. Нормално дека овие фингирани етнички судири влијаат негативно,“ вели Стојадиновиќ.

Таа објаснува дека кога политичарите носат потенцијални странски инвеститори, тие го убедуваат инвеститорот дека нема потреба да се плаши во Македонија и дека тоа се ситни меѓуетнички судири, а притоа никој не им објаснува дека тоа се фингирани судири.

Според податоците на Народната банка вредноста на странските директни инвестиции од јануари до септември 2015 година изнесувале 116 милиони евра што е за 38 милион евара помалкиу во однос на првите девет месеци во 2014 година.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG