Достапни линкови

logo-print

САД повеќе ќе помагаат во борбите за Мосул


 Ештон Картер

Ештон Картер

Соединетите држави ќе дадат поголема поддршка за ирачките сили во повторното преземање на градот Мосул од милитантите на ИД, како што тоа го сторија и при враќањето на контролата врз Рамади. Ова го изјави американскиот секретар за одбрана Ештон Картер. Мосул е втор по големина ирачки град и падна во рацете на милитантите на ИД пред две години. Експертите велат дека операцијата за преземање на Мосул би требало да биде поголема од онаа за Рамади.

XS
SM
MD
LG