Достапни линкови

ОБСЕ бара почитување на примирјето во источна Украина


ОБСЕ соопшти дека останува длабоко загрижен за продолжувањето на нарушувањето на примирјето во источна Украина. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер на седницата на Советот за безбедност на ОН побара од Киев и од Москва да ги почитуваат нивните обврски и да се држат до условите од мировниот договор постигнат пред една година во Минск. Според него, спроведувањето на договорот е единствен пат за политичко решение на кризата во источна Украина.

XS
SM
MD
LG