Достапни линкови

Попоски – Загриженост од ескалација на мигрантската криза


Има основа за загриженост дека мигрантската криза може да ескалира или во најмала рака да се компликува, порано од 8 март, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во дискусијата на сегментот на високо ниво во рамки на 31-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, што се одржа денеска во Женева. На 7 март е предвидено одржување на Самит ЕУ-Турција за мигрантската криза во Брисел. Попоски потенцира дека е неопходно итно изнаоѓање на заедничка стратегија за решавање на мигрантската и бегалската криза на начин кој истовремено би ги земал предвид хуманитарните и безбедносните аспекти, соопштува МНР. На маргините на сесијата, Попоски оствари и повеќе билатерални средби со свои колеги, се посочува во соопштението од МНР.

XS
SM
MD
LG