Достапни линкови

Тачи - Нема да правиме отстапки за косовските Срби


Новоизбраниот косовски претседател и актуелен вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи

Новоизбраниот косовски претседател и актуелен вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи

Новоизбраниот косовски претседател и актуелен вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи денеска изјави дека, пред гласањето за неговиот избор на претседателската функција во петокот, не договорил никакви отстапки за косовските Срби. Пред гласањето во петокот, коалицијата на партиите на косовските Срби, Српската листа, соопшти дека поставила свои барања, чие исполнување ќе биде услов за да го поддржат изборот на Тачи за претседател.

Во интервју за Гласот на Америка на албански јазик, Тачи рече дека Српската листа има право на свои визии, цели и ставови, меѓутоа потенцира дека гласањето за неговиот избор било тајно и дека не може да каже дали пратениците Срби гласале за него или не.

Тачи додава дека негова визија е изградба на „ново, европско и мултиетничко Косово“. Тој најави продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград.

Тачи треба да ја преземе претседателската функција на 7 април.

XS
SM
MD
LG