Достапни линкови

Соботка - Разбирливо што балканските земји ги затвораат границите


Чешкиот премиер Бохуслав Соботка

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка

Европското решение на миграциската криза мора да вклучи регулација на протокот на бегалци во земјите од западниот Балкан, вклучително и на границата меѓу Македонија и Грција, соопшти чешкиот премиер Бохуслав Соботка по денешната седница на Владата.

„Заедничкото решение, мора да опфаќа и помош за Атина, како и да го вклучи враќањето на бегалците од Грција во Турција“, додаде Соботка.

За него, како што јави дописникот на МИА од Прага, е разбирливо што балканските земји постепено ги затвораат границите како реакција на мерките на Австрија, која најави воведување на лимит за приемот на бегалци.

Соботка оцени дека се претпоставува оти овие мерки ќе ја зголемат концентрацијата на бегалци на територија на Грција и тоа, според него, дополнително ќе ја мотивира грчката Влада да ги враќа мигрантите во Турција, а Анкара да го исполнува договорот со ЕУ.

XS
SM
MD
LG