Достапни линкови

logo-print

Најмалку 20 загинати во бомбашки напад во Ирак


Илустрација

Илустрација

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 40 се ранети кога бомбаш самоубиец го активирал експлозивот што го носел во шиитска погребна сала во провинцијата Дијала на истокот на земјата. Во нападот во градот Мукдидија на 80 километри североисточно од Багдад загинал моќен локален командант на шиитската милиција. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Сличен напад минатиот месец предизвика одмазднички бран насилства против домовите и џамиите на сунитските муслимани. Ирачките власти пред една година прогласија победа против милитантите на Исламската држава во провинцијата Дијала, но исламистичката организација останува активна во тој дел од земјата.

Во двоен самоубиствен бомбашки напад на еден пазар во Багдад, пак, вчера загинаа најмалку 73 луѓе, а повеќе од 110 други биле ранети. Одговорноста за нападите ја презедоа милитантите на Исламската држава.

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади ги повика безбедносните сили „да вложат дополнителни напори да ги спречат терористите да ги извршуваат нивните напади врз невини цивили“.

XS
SM
MD
LG