Достапни линкови

logo-print

ЕУ подготвува вонредни планови за балканската бегалска рута


Портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева, денеска изјави дека ЕУ моментно работи на подготовка на вонредни планови за Грција и другите земји од балканскиот коридор, со цел да се избегне хуманитарна криза. Според Андреева, изработката на вонредниот план за бегалскиот проблем во Грција ја побарал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за време на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел на 17 февруари. Таа нагласи дека Грција, во соработка со ЕК, го завршила извештајот кој се однесува за потребите на бегалците.

„ЕК внимателно ја следи ситуацијата и подготвува вонредни планови за помош на Грција и другите земји од т.н. балкански коридор, проучувајќи ги моментните и идните потреби поврзани за прием на бегалците, финансирањето, како и материјална помош“, истакна Андреева.

XS
SM
MD
LG