Достапни линкови

Протести поради погубувањето исламист во Пакистан


Пакистан го обеси човекот обвинет за убиството на провинцискиот гувернер Салман Тасир во 2011 година, откако политичарот повика на реформи на строгиот закон за богохулие. Егзекуцијата во градот Равалпинди денеска предизвика протести на илјадници поддржувачи на убиецот во неколку градови, вклучувајќи ги Равалпинди, Лахоре, Карачи и Исламабад. Неговиот погреб веројатно ќе биде утре. Убиецот Мумтаз Кадри, кој за многумина исламисти е херој, му беше телохранител на гувернерот на провинцијата Пенџаб Салман Тасир. Кадри призна дека го убил Тасир поради неговите повици за промена на строгиот закон за богохулие кој предвидува смртна казна за навреда на исламот. Тој го застрела Тасир 28 пати на пазар во Исламабад среде бел ден. Судијата во случајот за убиството беше принуден да ја напушти земјата откако доби закани по животот.

XS
SM
MD
LG