Достапни линкови

Грција им забрани пристап на медиумите во прифатните центри за бегалци


По консултации со координаторите на прифатните центри на островите и на копно во Грција, на телевизиските екипи и на новинарите не им се дозволува влез во ваквите објекти. Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, денеска го соопшти грчкото Министерство за внатрешни работи, без да ги образложи причините за ваквата одлука, ниту, пак, има дообјаснување дали забраната се однесува на сите новинарски екипи или само на странските. Забраната е во сила „до дополнителни информации“, истакнува грчкото МВР.

XS
SM
MD
LG