Достапни линкови

logo-print

Опасност од уривање на браната Мосул, загрозени 1,5 милиони граѓани


Браната Мосул

Браната Мосул

Американската амбасада во Ирак издаде препорака за евакуација, која, како што посочуваат, може да спаси до 1,5 милиони животи во случај на можен колапс на браната Мосул во северен Ирак. Загриженоста се зголемува во последните неколку месеци поради влошувањето на состојбата на најголемата брана во земјата. Ако браната се урне, водата ќе го уништи градот Мосул и ќе поплави голем дел од главниот град Багдад, кој се наоѓа на 450 километри јужно од браната. Браната е изградена на нестабилна почва која постојано еродира. Прекинот во неопходното одржување, откако браната накратко падна во рацете на милитантите од Исламската држава во 2014 година, уште повеќе ја ослабна и онака оштетената структура. Американската амбасада соопшти дека нема информации кога може да дојде до уривање, но оти околу 1,5 милиони Ирачани кои живеат во изложените области околу реката Тигар веројатно нема да преживеат ако браната се урне.

XS
SM
MD
LG