Достапни линкови

Протест против амнестија за изборен криминал пред Уставниот суд


Стотици граѓани излегоа на протест пред Уставниот суд во Скопје, на кој бараат оставки од судиите Јован Јосифовски, Владимир Стојановски, Вангелина Маркудова, Елена Гошева и Никола Ивановски, поради тоа што овие судии, со мнозинство гласови ја прифатија Иницијативата да се разгледува можноста Претседателот да може да помилува и лица осудени за изборен криминал. Законот за помилување сега тоа го забранува.

Според демонстрантите, овие пет судии работат по „диктат на тефтерчето“ и поради тоа треба да се повлечат од своите функции или да работат во интерес на граѓаните. Протестот е под силно полициско обезбедување.

XS
SM
MD
LG