Достапни линкови

Жена мавтала со отсечена детска глава во Москва


Руската полиција денеска уапси жена која била забележана како носи отсечена детска глава пред метро станицата Октјабарско Поле во Москва. Жената, која била облечена во црно и носела муслиманска марама на главата, наводно извикувала „Алаху Акбар“ додека мавтала со детската глава. Полицијата соопшти дека се работи за Узбекистанката Ѓулчехра Бобокулова, која е испратена на психијатриска проценка. На видео снимките што се појавија на социјалните мрежи се слуша дека жената извикува на руски јазик со централноазиски акцент.

„Јас сум терористи. Ќе умрам, ама сите ќе бидете казнети“, извикувала таа додека се заканувала дека е бомбаш самоубиец.

Полицијата потврди дека таа носела отсечена глава на четиригодишно руско дете на кое му била дадилка.

Обезглавеното тело на детето беше пронајдено претходно денеска од пожарникарите кои биле испратени да го изгаснат пожарот во домот на детето во Москва.

XS
SM
MD
LG