Достапни линкови

logo-print

Реформистите победија во Техеран


Сојузниците на иранскиот умерен претседател Хасан Рохани постигнаа значителен успех на парламентарните избори. Тие успеале да ги освојат сите 30 места во парламентот кои се предвидени за главниот град Техеран. Пребројувањето на гласовите покажува дека умерените сили имале предност и во Советот на експерти, тело кое треба да го избере идниот врховен верски лидер во Иран. Милиони гласачи излегоа на изборите на 26 февруари за новиот состав на парламентот од 290 членови и на Советот на експерти од 88 членови.

XS
SM
MD
LG