Достапни линкови

logo-print

Напади во Сомалија, најмалку 17 загинати


Сомалиската полиција соопшти дека најмалку 17 луѓе загинале во напади во два ресторана во градот Баидао, на југозападниот дел на земјата. Првиот напад бил изведен од бомбаш самоубиец, додека другиот бил со автомобил бомба. Полицијата прецизира дека повеќето од жртвите биле цивили. Одговорноста за нападите ја презеде групата Ал Шабаб која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда. Пред два дена оваа група нападна луксузен хотел во главниот сомалиски град Могадишу, убивајќи над 20 луѓе.

XS
SM
MD
LG