Достапни линкови

Меркел: Грција не смее да западне во хаос


Европската унија не смее да дозволи Грција да западне во хаос поради приливот на мигранти“, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел откако илјадници мигранти се блокирани на грчка територија по затворањето на границите по должината на „балканската рута“. „Дали навистина можете сериозно да верувате дека земјите на еврозоната се бореа Грција да остане во таа зона за на крај, една година потоа, да се дозволи Грција да западне во хаос“, изјави таа за телевизијата АРД. Претходно Атина предупреди дека бројот мигранти на грчка територија во март ќе достигне 70 илјади, и тоа поради квотите што го воведоа земјите на „балканската рута“.

XS
SM
MD
LG