Достапни линкови

logo-print

Партиски препукувања за нападот врз Петров


Оливер Спасовски веќе втор ден по претепувањето на Тодор Петров, се крие и не кажува зошто не ги апси насилниците кои го претепаа Тодор Петров рече денеска на прес конференција Даниела Рангелова од ВМРО- ДПМНЕ.

“ВМРО ДПМНЕ инсистира и ќе продолжи да инсистира Оливер Спасовски да ги пронајде, уапси и санкционира сторителите. Министерството за внатрешни работи под Оливер Спасовски мора да престане да функционира само како партиски огранок каде што генералниот секретар на СДСМ ќе ги згрижува и унапредува партиските кадри и роднините на своите колешки” рече Рангелова.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска беше на средба со граѓаните на Тетово рече дека се креирале меѓуетнички тензии за теснопартиски интереси, а на штета на граѓаните и на државата.

“ Тоа е лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ на штета на Македонија што граѓаните многу добро го знаат. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе се прочитана книга за граѓаните. На ова, заедно со граѓаните ставаме крај. Ќе изградиме едно општество во коешто секој граѓанин ќе живее во слобода, демократија и меѓусебно почитување” рече Спасовски.

XS
SM
MD
LG